21-годишниот Џони Малинс, момче со голема желба да стане метеоролог, е уапсен минатата седмица во Џенкинс, Кентаки, бидејќи било утврдено дека намерно подметнувал пожари со цел неговите видеа да бидат што е можно повеќе гледани а Фејсбук. Откако ќе избувнале подметнатите пожари, Малинс се јавувал од местото на „несреќата“ и ги предупредувал своите гледачи на опасноста. Последното такво видео го објавил на 6 ноември.

jm

Колку точно пожари подметнал сѐ уште не е непознато, бидејќи Малинс одрекува дека бил вмешан во сѐ за што го сомничат, но на иследниците им признал дека тоа го правел поради внимание на спомнатата социјална мрежа.

Од 4. ноември до денес во југоисточните делови на САД избувнале преку 30 пожари, а полицијата утврдила дека во голем број од нив биле вмешани пиромани. Еден од пожарите, во близина на Чатануга, Тенеси, предизвикал штета која надминува 200 000 долари.

Сподели на Facebook
пати видено