Пар од Пенсилванија е обвинет за лажирање на раѓањето и смртта на нивното „бебе“ со цел да извлечат од пријателите и семејството донации и подароци. Кејси и Џефри Ланг биле приведени од полицијата затоа што нивната измама била разоткриена.

Тие украле над 600 долари од пријателите и семејството, наводно за своето бебе. 23-годишната Кејси почнала да лаже дека е бремена и објавувала фотографии на Фејсбук како нејзиниот стомак расте и со 27-годишниот сопруг потврдиле дека ќе имаат момче.

Пријателите организирале забава и купиле голем број подароци за бебето, а Кејси им кажала дека бременоста ѝ е ризична и дека наредните 2 месеци мора да лежи во кревет.

Парот објавил на 3-ти јули дека им се родил синот Истон Волт Ланг, па дури и објавиле фотографија на Фејсбук. Но, Кејси и Џефри неколку часа подоцна објавиле дека нивното бебе починало. Во онлајн некролог, двојката изјави дека Истон е роден во Меморијалната болница во Конемаг.

Веднаш била формирана GoFundMe страница за да се соберат пари за погребот на бебето, а парот подоцна изјавил дека бебето било кремирано.

Пријателка на Кесји, Синтија Диласио, вели дека двојката изјавила дека официјалната причина за смртта е синдром на респираторен дистрес, откако бебето се родило со течност во неговите бели дробови. Но ѝ било сомнително како од болницата веднаш ѝ го дале бебето во собата без да забележат такво нешто.

Таа се јавила во погребалното претпријатие каде наводно било извршено кремирањето, а потоа и во болницата и дознала дека немаат никакви податоци за такво бебе или пак родители. Потоа жената се јавила во полиција. Полицијата во нивниот дом ја открила куклата која ја сликале за Фејсбук и парот ја признал лажната бременост и смрт на „бебето“.

Ова не им се прв пат да лажат сепак. Во 2015 година Кејси исто така објавила ултразвук дека е бремена, а потоа напишала дека го изгубила бебето.

Сподели на Facebook
пати видено