Три негувателки од дом за стари лица во Северна Каролина, САД, се обвинети дека воделе борбен клуб во кој имале две постари жени со деменција.

Мерилин Латиш Мекеј (32), Тонасија Ивон Тајсон (20) и Танешиа Дешавен Џордан (26), сите беа обвинети злоупотреба на лица со инвалидитет.

Тие биле разоткриени откако биле поднесени пријави за злопотреба на 70-годишна жена и 73-годишна жена. За време на истрагата, истражителите откриле дека некои работници во Данби Хаус ги охрабрувале жителите да се борат едни со други и дека еден вработен физички нападнал еден од жителите во посебен инцидент, се вели во извештајот.

Судските документи тврдат дека Мекеј ја турнала 73-годишната жена во нејзината соба додека Тајсон и Џордан ја снимале и не направиле ништо да помогнат. Во друг инцидент, 73-годишната жена започнала да се тепа со 70-годишната жена додека сите три вработени стоеле и гледале, снимајќи ја тепачката и ја охрабрувале.

Се верува дека ова не е единствениот пат кога вработените се однесувале на овој начин, но истрагата продолжува за да се открие колкав бил овој „клуб за борби“ и дали има некои последици кај старите лица со деменција.

Сподели на Facebook
пати видено