Гордо позирајќи на замрзната површина на Бајкалското Езеро во Русија, 50-годишната Лиу Јелин, претпочита на носи бикини, иако температурата била речиси минус 40 степени Целзиусови. Младоликата 50-годишна мајка од Кина вели дека нејзината цел е да патува низ светот, додека „парадира“ во бикини, за кои вели дека се нејзиниот „оклоп“ без разлика колку е студено времето.

„Ледените силни ветрови ги чувствував како стотици ножеви на мојата кожа.“, вели Лиу, која собра храброст да го покаже нејзиното витко тело во суровите временски услови. Таа исто така исполнила уште два предизвици и пливала во Бајкалското Езеро и нуркала под ледената површина на Бајкалското Езеро, кое е најстаро и најдлабоко езеро во светот.

Лиу, која има 23-годишен син, вели дека сака да занимава со екстремни спортови и да презема предизвици во екстремни временски услови и би било подобро ако таа може да го прави тоа во секси костим за капење. „Знаете дека Кина е релативно конзервативна. Понекогаш ме прашуваат зошто имам толку многу бикини и зошто често носам бикини, јас тогаш се шегувам: ‘Штедам ткаенина за земјата’.“, вели Лиу.

Таа изјавила дека сака да носи бикини затоа што го покажуваат нејзиното тело и не може да се сокрие ништо: „Моите бикини се мој оклоп. Со нив се чувствувам самоуверена, здрава и млада.“

Лиу е поранешна библиотекарка и стана позната пред една година откако корисниците на социјалните мрежи ја забележаа нејзината младоликост.

Таа вели дека тајната на нејзиниот младешки изглед е во тоа што вежба надвор во зимите веќе 30 години. Лиу изјавила дека се чувствува како да има 15 години, а една од најнепријатните ситуации кои ѝ се случуваат многу често е тоа што луѓето мислат дека таа е девојка на нејзинот син.

Сподели на Facebook
пати видено