На фестивалот “Golden Drum” агенциската мрежа McCann за централна и источна Европа, во чии рамки

работат и агенциите во составот на I&F McCann Grupa, е прогласена за најдобар комуникациски систем во

овој дел на Европа. За освојувањето на ова значајно признание придонесоа и агенциите McCann Белград и

McCann Тирана кои работат во рамките на I&F McCann Grupa освојувајќи една златна (Golden Drum) и две

сребрени награди (Silver Drum).

„Наградата која McCann ја доби за најдобра агенциска мрежа во централна и источна Европа е само

потврда за квалитетот на работата на сите McCann агенции. Горд сум што кон тој успех придонесоа и

агенциите McCann Белград и McCann Тирана освојувајќи награди на “Golden Drum” фестивалот. Нашата

визија е да бидеме најпосакуваниот комуникациски партнер и покрај најдобрата услуга да бидеме

агенција чии кампањи се препознатливи по својата креативност ”- рече по повод овој успех Срѓан

Шапер, основач на I&F McCann Grupa.

Кампањата “Драма во такси” која агенцијата McCann Белград ја направи за “Југословенскиот Драмски

Театар” освои златна награда (Golden Drum) во категоријата филм (ТВ, кино и онлајн) и сребрена награда

(Silver Drum) во категоријата на директни кампањи.

McCann CEE najuspesnija agencijska mreza i u 2014. godini na Golden Drum festivalu

Агенцијата McCann Тирана, која исто така работи во рамките на I&F McCann Grupа, освои сребрена награда

(Silver Drum) во категоријата настани, за кампањата „Ги почитуваме и живите“ посветена на подигнување

свесност за безбедност во сообраќајот и е прва агенција од Албанија која добива награда на “Golden Drum”.

Фестивалот “Golden Drum” во Порторож е еден од најважните фестивали за рекламирање во овој регион

на кој традиционално учествуваат најдобри светски агенции. Оваа година се одржа јубилејното дваесет и

прво издание во организација на Словенечката огласувачка комора. На фестивалот учествуваа 30 агенциски

мрежи и 291 агенции од 24 држави кои вкупно пријавија 1220 трудови.

„I&F McCann Grupа ” е една од водечките комуникациски мрежи во југоистична Европа која успешно работи

во осум земји: Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Словенија и

Бугарија. На меѓународните, регионалните и локалните клиенти им обезбедува најквалитетни стратешки

и креативни решенија за развој на нивните брендови, преку сите канали на комуникација. Агенциите кои

работат во рамките на „I&F McCann Grupа” се дел „McCann Worldgroup“ (www.mccannworldgroup.com),

една од најголемите меѓународни мрежи која денес работи со повеќе од 120 земји во светот, со традиција

долга 111 години и која работи во рамките на „Interpublic Group (IPG)“ (www.interpublic.com), најстарата

американска мултинационална комуникациска корпорација со седиште во Њујорк.

Сподели на Facebook
пати видено