Само летата ни останаа да се собереме сите Македонци на едно место, да се видиме, да не се заборавиме. Семејството Васеви е по потекло од село Бигла, а повеќе од 35 години живеат во германскиот град Бретен.
Домаќинот на настанот, Бошко Васев е успешен бизнисмен сопственик на 4 компании, а настанот „Црвенџиска средба“ оваа година се организира по 11 пат.
„Секоја година овде на 9 август роднините и пријателите се собираме на заедничка веселба, средба која прерасна во своевиден бренд на нашиот крај. Тука сме да се видиме, да се потсетиме на минатото, но и да порачаме дека традицијата е се што имаме“, истакна Васев.

