Пустината Атакама во Чиле е едно од најсушните места во светот. Всушност, некои делови од неа никогаш, немаат дожд. Сепак, областа има многу крајбрежна магла. Во последниве години, истражувачите од Универзитетот МИТ, САД и Папскиот универзитет во Чиле во Сантијаго развија мрежи кои се користат за собирање на капки вода од маглата.

Иако најверојатно не сте слушнале дека постојат мрежи за магла, верувајте овој концепт постои и го користат голем број на луѓе за да дојдат до вода. Сиромашните заедници кои немаат доволно вода за пиење поставуваат ситни мрежи во слојот на облак што ги покрива нивните планински врвови или ставаат во маглата што се насочува кон сушни крајбрежни области. Неверојатно, но ситните капки вода кои се создаваат од маглата стануваат витален извор на вода.

Научниците побарале инспирација од природата. Тие забележале дека растенијата со тесни лисја се поефикасни при фаќањето мали капки кондензат и го инкорпорирале во нивниот ткаен дизајн. Со менување на големината на решетката и употребените површински материјали, тие ја подобриле ефикасноста на собирањето на магла за 500%. Видеото подолу покажува колку мрежи за магла се користат за да се обезбеди вода во пустинскиот регион Атакама во Чиле.

Како функционираат мрежите за магла?

Студениот воздух има помалку влага отколку топлиот воздух. Постои природна флуктуација на температурата на воздухот што резултира со кондензација на водата од воздухот како роса. Оваа варијација на влажност може да биде предизвикана од дневниот ритам, односно денот се менува во ноќ. Исто така, може да настане поради промени во височина. Бидејќи топол воздух се крева со топлински струи, се лади и го ослободува товарот (водата).

Парче мрежа се става на две шипки, така што да виси како вертикален лист. Мрежата ги фаќа капките роса кои се ослободуваат од облаците. Волуменот на собраните капки овозможува водата да формира чешми и се спушта во олук поставен на дното на мрежите. Од тука, водата се канализира во контејнери за складирање, до кои што може да пристапи локалната заедница. Водата собрана на овој начин се користи како вода за пиење, како и наводнување на култури и за перење и готвење.

Сподели на Facebook
пати видено