Парот од Чешка, Сабина Долежалова и Зденек Слоука ја направиле најглупавата можна работа која можат да ја направат луѓето за „слава“.

Религијата не е нешто што треба да се исмева, а овие двајца „инфлуенсери“ решија да го направат токму тоа.

Додека биле во храм во градот Убуд, на индонезискиот остров Бали Сабина добила „генијална“ идеја: Нејзиното момче да ѝ го измие задникот со светата вода од храмот. Да, така е „многу креативно“ од нејзина страна. Веднаш го објавиле видеото и на социјалните мрежи за да се „пофалат“.

Водата од изворот се користи за прочистување од страна на верниците во Бали и откако видеото излезе во јавност предизвика многу гнев кај жителите.

Откако атмосферата се вжештила Сабина јавно се извинила за своите постапки велејќи дека не знаела дека се работи за света вода.

Сподели на Facebook
пати видено