Доколку сте сексуално активна личност, сосема е можно во даден период од вашиот живот да сте заболеле од полово пренослива болест, а за тоа да не сте биле ни свесни. Околу милион луѓе дневно се заразуваат со некаква инфекција пренесена по сексуален пат. Еве ги најпознатите симптоми.

pl

1. Исцедок

Зелениот или жолтиот исцедок кај жените сигнализира дека се работи за гонореја, а белиот, густ и смрдлив исцедок може да значи дека имате габична инфекција. Веднаш посетете го докторот за да ви препише антибиотици.

2. Чешање

Ако почувствувате непријатно чешање и пецкање, тоа е знак кој ви го праѓа телото и немојте да го игнорирате, туку побрзајте да утврдите за што станува збор.

3. Промени во менструалното крварење

Ако ви се случи менструацијата да не дојде навреме или воопшто да не се случи во месецот, или пак да ви се случи дури двапати во рок од 30 дена, веднаш посетете го вашиот гинеколог, бидејќи тоа може да биде некоја безопасна инфекција, но може да биде симптом и на посериозно заболување, па дури и тумор.

4. Грутки

Нивната појава во интимните делови на телото упатува дека се работи за полова болест, но не треба да паничите бидејќи може да се работи и за безопасно сраснато влакно. Исто така, брадавиците се можен симптом на полова болст кој не смее да се игнорира.

5. Болка

Ако чувствувате постојана болка во долниот дел на стомакот или болка во тестисите, може да станува збор за гонореја, кламидија или трихомонијаза. Болката за време на сексуалниот однос исто така не треба да се игнорира.

6. Промени при уринирањето

Пецкањето при уринирањето често се поврзува со херпес, кламидија, гонореја или трихомонијаза, но и со инфекции на уринарниот тракт. Но, од друга страна, тоа може да биде и знак за камен во бубрезите.

Без оглед на тоа каков симптом чувствувате, морате да го посетите вашиот лекар, бидејќи колку и да ви е непријатно, уште понепријатно е да трпите и да ви се влоши состојбата. Не дозволувајте вашето тело да страда, туку помогнете му на време.

Сподели на Facebook
пати видено