Кога ќе помислите на амишите прво што ви текнува е земјоделство, правење путер, без електрична енергија, едноставно без забава. Сепак, излегува дека има некои бунтовници меѓу нив. Двајца мажи, Амиши се во бегство од полицијата откако нивната коњска кола била стопирана.

Замениците на шерифот во округот Трајлт во Северен Блумфилд, Охајо, ги виделе господата како пијат пиво во нивниот „кабриолет“. Откако ги стопирале пијаните Амиши скокнале од коњската кола и избегале во шумата.

Кога полицајците подобро ја истражиле кочијата пронашле 12 отворени шишиња пиво и за работите да станат уште поинтересни нашле и огромен стерео систем. Да, така е амишите сакаат да се журкаат на гласна музика.

Полицајците ја земале кочијата и пронашле некој да се грижи за коњот додека да се појават сопствениците. Бидејќи Амишите се познати по тоа што ја избегнуваат модерната технологија ова прилично ги изненадило полицајците.

Сепак алкохолот е друг проблем. Додека некои групи го забрануваат во други е дозволен и поради тоа во САД пораснала стапката на пијани Амиши уапсени од страна на полицијата.

Сподели на Facebook
пати видено