Маж од Скегнес, Англија, имал проблеми со покривот кој му протекувал и решил да викне мајстори кои ќе му го решат проблемот. Тој пронашол некоја компанија на интернет, но не ја проверил за каква компанија всушност станува збор.

Мајсторите дошле, „работеле“ одреден период на покривот и си заминале. Човекот, кој сакал да остане анонимен решил да провери каква работа завршиле мајсторите и се качил на покривот.

38-годишниот сопруг и татко се згрозил кога забележал дека некој од „мајсторите“ си извршил голема нужда на неговиот покрив. Па за работите да бидат и полоши дел од изметот го фрлиле и во оџакот. Човекот бил крајно изреволтиран и решил својот гнев да го сподели на интернет и тогаш се појавило уште едно „изненадување“.

Мајсторот се сликал додека се олеснувал на неговиот покрив и фотографијата си ја пратил на своите пријатели, кои секако „не можат да чуваат тајни“ и наскоро фотографијата завршила на сите социјални мрежи. Сопственикот на куќата вели дека на мајсторите им била достапен неговиот тоалет во домот и кујната и воопшто немало потреба од вакви гадости.

Тој решил фотографијата да ја покаже на нивниот директор како доказ, но вели дека тој само станал агресивен. Човекот одбил да ѝ плати на фирмата за „работата“ која ја завршиле и си најмил други мајстори, кои вели дека почесто ги проверувал што прават.

Сподели на Facebook
пати видено