Мајкл Керол сега работи за 10 евра на час, иако освоил 10 милиони евра на лотарија. Тој вели дека во животот не е сѐ во парите и бил пресреќен што можел пак да се врати на работа. Но, Мајкл не се откажал од парите доброволно.

Тој откако го освоил џекпотот во 2002 година почнал да ги троши парите на брзи автомобили, алкохол и дрога. Тој сега е без пари и доставува дрва и јаглен во фабрика во Елгин, Шкотска.

„Јас пренесувам на грб околу 50 вреќи со јаглен и сечам цепаници. Моите 10 милиони евра исчезнаа за само 10 години и повеќе немам свој дом ниту автомобил. Но, не сум огорчен.“, вели Мајкл. Неговиот работен ден започнува во 6 часот наутро, а често работи и по 12 часа и вели дека за тоа добива „неколку евра плус“, што според него е „прилично смешно“ затоа што тие пари претходно не ги гледал така.

Керол освои 9,7 милиони евра на Националната лотарија во 2002 година и веднаш почнал да ги троши. Тој дал 4 милиони евра на пријателите и семејството, купил замок во Норфолк и неколку спортски автомобили. Тој признава дека потрошил милиони на кокаин, алкохол, коцка и и проститутки. Тој вели дека пиел 2 шишиња вотка дневно.

Откако го освоил џекпотот Мајкл станал „познат“ по неговото несоодветно однесување. Тој бил тужен затоа што ги тероризирал соседите и добил затворска казна од 5 месеци во 2004 година откако не успеал да се придржува кон наредбата за третман на дрога наметната како дел од казната за поседување на кокаин. Во февруари 2006 година бил осуден на девет месеци затвор. До февруари 2010 година, тој бил прогласен за банкрот и се нашол назад на бирото за вработување.

Претходната работа, откако прогласил банкрот на Мајкл му била во фабрика за бисквити. Мајкл Керол вели дека сѐ уште понекогаш игра лото, но вели дека доколку повторно победи ќе продолжи да оди на работа секое утро во 6 часот.

Сподели на Facebook
пати видено