Пар кој живее во Британија се соочува со проблем да најде 113.000 евра со цел да можат да си го земат бебето од болница.

Ажар Салем и неговата сопруга Суеда Аднан биле во Дубаи, родното место на Суеда кога нивната ќерка се родила 23 недели пред време. Тие не очекувале дека бебето ќе се роди предвремено и мислеле дека породувањето ќе се случи во Британија.

Сепак работите со сега малото девојче Амал се искомплицирале и бидејќи немале осигурување од државата жената морала да се породи во приватна болница. Сега болницата им бара 113.000 евра на родителите за да им го даде бебето. Освен тоа малата Амал има неколку здравствени проблеми и колку повеќе престојува во болницата толку повеќе се зголемуваат трошоците за неа. Тие наскоро можат да достигнат и над 200.000 евра.

Очајните родители велат дека никогаш порано не побарале помош од некого, но сега не знаат што да прават и затоа ги молат хуманите луѓе да им помогнат. Досега имаат соберено 16.000 евра од сумата.

„Навистина ни треба помош за да го донесеме нашето бебе дома, секој вид на помош ќе биде прифатена. Не ги сфаќате ситуациите во кои можете да се најдете сè додека не се најдете во нив. Никогаш не сум размислувала да барам помош претходно во мојот живот, но понекогаш мора да го гризете куршумот и гордоста и да направите сѐ што е можно за да ги донесете вашите најблиски, во овој случај нашето бебе дома.“, вели Суеда.

Сподели на Facebook
пати видено