Неколку вкусни рецепти како брзо да му помогнете на мозокот кога чувствувате замор. Продолжува од „Прочитај го ова! За твојот мозок се работи!“

Медов микс

Во тегла ставете суви кајсии, суво грозје, суви модри сливи, ореви, мед (внимавајте да биде природен). Сувото овошје и оревите смелете ги во блендер , истурете го медот и измешајте добро. Чувајте го во фрижидер, земајте по една лажица на ден.

Медов миск со пченични никулци

Земете цели зрна пченица, измијте ги со ладна вода, ставете ги во широк сад, истурете ја водата, и чувајте го на топло место десет часа. Потоа исцедете ја водата. Оставете ги само белите никулци (зелени не се погодни), и додадете мед по вкус. Можете исто така да додадете суви сливи и суво грозје. Земете две или три лажици дневно.

Потпечен сончоглед

Земете еднакви количини лупени семки од сончоглед и мед. Медот ставете го во тенџере, додадете две лажици растително масло, на тивок оган, без да врие, додадете сончоглед и мешајте постојано, додека не згусне. Истурете го во чинија и исечете го на мали парчиња. Јадете парче на ден, наутро или пред ментална работа.

walnuss-in-honig-01-680x452

Не заборавајте ја водата

Не заборавајте дека во прилог на храна за мозокот од суштинско значење е водата. За да функционира правилно мозокот, треба да пиете најмалку литар и половина чиста вода на ден (во текот на летото или при интензивна физичка активност дури и повеќе – од два до три литри).

Забелешка: имаме на ум дека под чиста вода се подразбира негазирана и нефлаширана вода.

Газираната и благата вода не е корисна! Кафе и чај не се штетни пијалоци, но не може да ја заменат водата. Тие исто така придонесуваат во голема мера да се отстрани течноста од телото.
Внимавајте никогаш да не почувствувате жед! Пијте вода во мали количини во текот на денот. Понекогаш чувството на замор и главоболка се поврзани само со фактот што вашиот мозок нема доволно течности. Не дозволувајте му да дехидрира, бидејќи водата е од витално значење за мозокот.

csm_eww-wasser-glas-ueberlauf_101d5ea21a

Неколку совети

• Не го прескокнете појадокот! Дури и ако не се чувствувате наутро гладен, не заборавајте дека вашиот мозок е гладен и треба да го нахраните за да се справат со сите товари кои доаѓаат во денот.
• Појадувајте добро избалансирана храна, таа мора да биде житни култури, белковини и овошје. На пример: каша или мусли, пченкарни снегулки со млеко; ладно пилешко или јогурт со житарици и овошје, сирење, јаболко или банана. Направете си ја вашата омилена комбинација но не заборавајте дека за појадок ви требаат и протеини и јаглени хидрати и витамини.
• Јадете четири до шест пати дневно, вклучувајќи закуски од овошје или јогурт.
• За ручек, треба протеински оброк (риба, посно месо, пилешко, мисирка) со многу зеленчук – во салата или варен. За десерт јадете овошје и ореви со мед.
• За вечера, храна богата со јаглехидрати е подобро да не се конзумира и да ги ограничите млечните производи.

Гимнастика за интелектуалци

Кога се движите, мозокот активно се снабдува со кислород. Со физичка активност се зголемува бројот на нервни врски во мозокот. Затоа, правете го она што ви се допаѓа секој ден – пример: шетајте, трчајте, пливајте, одете во фитнес клуб, вежбајте јога, танци. Вашето тело ќе ви биде благодарно за тоа, а мозокот особено.

Сподели на Facebook
пати видено