Откако помалиот брат не се вратил дома веќе 3 дена, постариот отишол во полиција за да пријави. Двајцата браќа се деца од дисфункционално семејство, живееле сами, а и постариот (полнолетен) бил осудуван порано за кражба.

Полицијата го барала малолетниот жител на рускиот град Георгиевск цели 10 дена, испратиле соопштенија до сите градови во регионот, а од шизикот ни трага ни глас. Исчезнувањето на момчето се поклопило со кражбата која ја пријавила една локална продавница. Со помош на безбедносната камера во продавницата успеале да го идентификуваат момчето. После 10 дена приказната се склопила.

Малолетникот отишол во градот Пјатигорс. За 400 евра еден таксист му нашол место за престој и му наместил проститутка. Се испоставило дека малиот криминалец си штедел пари од повеќе кражби и на проститутката ѝ платил околу 1500 евра за 10 дена да му биде на располагање.


