Вработените во музејот Бозен-Болцано објавија пред и потоа фотографии објаснувајќи ја смешната ситуација. Чистачите биле повикани да го исчистат музејот, на подот ја виделе модерната инсталација „Каде ќе играме оваа вечер?“ од уметниците Голдшмит и Чиари, и го исчистиле нередот.
Исталацијата „Каде ќе играме оваа вечер?“ требало да ја претставува декаденцијата на 1980-тите во Италија, окарактеризирана со хедонизам и конзимеризам.


За среќа уредните чистачи уредно го поделиле за рециклирање целиот „отпад“, па инсталацијата ќе може да се состави повторно.

