Акупресурата е древна форма на масажа на телото која помага во протокот на енергија, според традиционалната кинеска медицинска теорија. Со притискање на некои од енергетските меридијански точки на телото, можете да го подобрите протокот на енергија и да му помогнете на вашето тело подобро да работи. Оваа практика е стара речиси 2.000 години, а искуството на многу луѓе докажува дека може да помогне и при губење на тежината.

Ова се 13 точки на притисок кои помагаат да се врати енергетскиот проток на органите кои влијаат на губење на тежината. Едно од најважните правила кога се прави акупресура е да се биде мирен и опуштен. Пред да ја започнете рутина, направете некои вежби за дишење за да има протокот на кислород низ вашето тело.

13. Врвот на трапезоидниот мускул.

Оваа точка се наоѓа на грбот каде што вратот се „спојува“ со рамото и е на иста линија со вашата брадавица. Нежно притискајте ја оваа точка 1 минута, а потоа повторете на спротивната страна од вашето тело. Повторувајте дневно.

12. Носот

Погледнете во огледалото и пронајдете го местото за акупресура помеѓу очите и носот. Масирајте ја површината што води од окото до носот.

11. Простор меѓу веѓите.

Инстинктивно, многу од нас применуваат притисок помеѓу нашите очи кога сме уморни и ова може да биде доказ дека акупресурата функционира. Пронајдете го местото помеѓу очите што е само малку над вашиот нос и нежно притиснете го една минута.

10. Градна коска.

Притискајте го означеното место една минута. Применувајте ја оваа вежба секојдневно.

9. Уво

Ставете го палецот на означената точка на илустрацијата и нежно да ја притискате 1 до 3 минути, 2 пати во денот.

8. Абдомен

Вашиот стомак има многу точки на притисок што можат да активира побрз проток на енергија, со што ќе се олесни губењето телесна тежина. Но, мора да барате една одредена точка – таа се наоѓа 2 прста надолу од вашиот папок. Масирајте го оваа место една минута. Повторувајте секојдневно.

7. „Абдоминална тага“

Овие 2 точки се наоѓаат веднаш под градите на местото каде што е стомакот. Масирајте го стомакот нагоре. Повторувајте секојдневно.

6. Лакт

Означената точка под лактот притискајте ја со палецот по 1 минута секој ден.

5. Колено

Оваа точка е лоцирана 5 сантиметри под чашката на коленото и треба да ја притискате со среден притисок околу 2 минути секој ден.

4. Глужд

Оваа точка е лоцирана 5 сантиметри над глуждот на внатрешната страна на ногата. Притискајте ја со благ интензитет по 1 минута во денот и потоа постепено тргајте ги прстите.

3.Над горната усна

Точката под носот и над горната усна треба нежно да ја притискате 1 до 5 минути, двапати во денот.

2. Дланки

Откако ќе завршите со акупресурна масажа на главата, телото и екстремитетите, преминете на дланките. Постои место помеѓу надворешниот дел од вашата дланка и палецот. Масирајте една минута, секој ден.

1. Стапало

Стапалата не се само за одење туку и за вежби кон подобар метаболизам и здравје во целина. Масирајте ја секоја акупресурна точка прикажана погоре за најдобри резултати.

Сподели на Facebook
пати видено