Носењето на брачен прстен е симбол на вечна љубов и верност меѓу двете души кои стапуваат во брак. Според традицијата, тој прстен треба да е изработен од скапоцен метал и се носи на безимениот прст. Интересно е тоа што во Кина токму овој прст го симболизира брачниот партнер. Палецот се родителите, показалецот – браќата и сестрите, средниот прст – самиот човек, а малиот прст – децата.

Во Германија, САД, Мексико, Јапонија, Велика Британија и Бразил се носи на левата рака. Тоа е поврзано со верувањето дека од таму до срцето минува крвен сад наречен „вена на љубовта“. Православните христијани го носат венчалниот прстен на безимениот прст на десната рака, бидејќи тоа е „раката на Господ“.

Се смета дека историјата на брачните прстени се крие длабоко во древноста, уште од времето на фараоните. Првите такви пртени се појавуваат во Египет, а потоа и во Рим. Брачните прстени од скапоцени метали како злато и сребро масовно почнуваат да се изработуваат во Англија и Франција.

Дали ќе брачните прстени ќе исчезнат?

Во наше време значењето на брачните прстени сѐ уште не е променето, и покрај тоа што нивниот надворешен изглед се менува. Ако во минатото било прифатено тие да се изработуваат од еден вид метал и да бидат мазни, без никакви украси, денес тие се пораскошни и се изработуваат од нетрадиционални метали. Денес носењето прстен се смета за прашање на лична желба и договор меѓу брачните партнери. Најчесто жените се тие кои инсистираат на носењето прстен, додека мажите често го сметаат за непотребен украс.

Сподели на Facebook
пати видено