Еден ден ученикот го прашал својот учител: „Учителе кажете ми зошто сите мудреци нѐ учат дека не треба да им судиме на другите? Дали е толку важно? Објаснете ми.“

Наставникот не одговорил веднаш на прашањето, но наместо тоа, на ученикот му дал балон, на дното на кој имало малку кал и побарал од него да застане пред него и да почне да го дува балонот.

Учителот го прашал: „Што гледаш сега?“

„Ве гледам Вас и балонот.“, одговорило детето.

„Надувај го уште малку“, продолжил учителот.

Ученикот ја исполнил наредбата и балонот станал поголем.

„Сега што гледаш?“, учителот повторно го прашал детето.

„Сега едвај Ве гледам Вас, го гледам балонот и калта внатре во него.“, одговорил ученикот.

„Надувај го уште.“, бил одговорот на улителот.

Балонот станал уште поголем, а учителот повторно го прашал ученикот што забележува сега.

„Само балон и кал. Ништо повеќе.“, одговорил ученикот.

„Продолжи да го дуваш балонот“, рекол учителот и се повлекол настрана.

Ученикот продолжил да го дува балонот но повеќе балонот не можел да се растега и пукнал а калта се распрскала врз ученикот. Ученикот се шокирал. Се чувствувал беспомошно. Целиот бил извалкан со кал.

„Сега сфати ли што се случува кога се фокусираме на туѓите недостатоци, слабости и грешки? Кога му судиш на некој човек ти престануваш да го гледаш самиот човек. Само ги гледаш сопствените оцени и негативни мисли и чувства за него. И колку повеќе ги зголемуваш овие мисли толку е поголема веројатноста дека калта и нечистотијата на овие мисли ќе те извалка не само тебе туку и околината.“, рекол учителот и го оставил ученикот да размислува.

Сподели на Facebook
пати видено