Еден ден една млада девојка се учила да вози заедно со нејзиниот татко. Возејќи по патот заврнал силен дожд. Младата девојка го прашала татко си: “Што да направам сега?“
Нејзинот татко на ова одгворил: “Само продолжи да возиш“.

Автомобилот почнал да оди се повеќе и повеќе кон едната страна, носен од силниот ветер, а невремето станувало сè полошо и полошо.

“Што да правам?“ – повторно прашала девојката.
“Продолжи да возиш“ – и одгворил нејзиниот татко.

После неколку метри возење, младата девојка забележала други автомобили кои се движат без контрола и уште повеќе се уплашила. Таа му рекла на татко си: “Морам да застанам, скоро ништо не гледам пред мене, ужасно е, сите ќе бидеме повлечени од бурата!“
Нејзиниот татко на ова одговорил: “Немој да се откажуваш, само продолжи да возиш!“

Невремето било многу страшно, но таа никако не престанувала да вози.

Набрзо девојката почнала да гледа малку појасно. После неколку извозени километри младата девојка се наоѓала повторно на сува земја а сонцето излегло меѓу облаците.

Нејзиниот татко и рекол: “Сега можеш да застанеш и да излезеш надвор.“
А таа го запрашала: “Но зошто сега?“
Татко ѝ на ова одговорил: “Кога ќе излезеш, погледни назад за да ги видиш луѓето кои се откажаа и кои сеуште се во бурата, а ти бидејќи беше упорна, за тебе бурата сега е завршена.

Ова е приказна за секој кој минува низ “тешки времиња“.
Но, колку и да е тешко понекогаш во животот, не се откажувај! Верувај во себе и тогаш кога ти е најтешко. Не се предавај. Свати дека ништо не е така лесно и едноставно, свати дека многумина пред тебе се нашле во иста или слична ситуација, но успеале, зашто се бореле и биле упорни… Така и ти бори се, бори за себе, за тие околу тебе, за тоа што е твое.

Животот е борба, а победата им припаѓе на упорните.

Сподели на Facebook
пати видено