Камила го убила својот сопственик одгризувајќи му ја главата откако тој го оставил животното на ужансата жега со врзани нозе. Гостинот ги забавувал своите гости во својот дом во Раџастан, Индија, кога се сетил дека камилата била цел ден надвор на неподносливата жега. Но, кога отишол да го одврзе животното и да го одведе на постудено место, камилата станала агресивна и почнала да го напаѓа, по што, како што раскажал еден негов соселанец, камилата му ја одгризала главата, убивајќи го на место.

„Камилата го фати за вратот, и го фрли на земја, одгризувајќи му ја главата“, вели селанецот. Селаните споделуваат дека истата камила го нападнала својот сопственик и порано, и дека 25 луѓе се бореле шест часа за да го скротат животното. Температурата во Раџастан може да достигне и до 51 степени целзиусови. Камилите вообичаено се кротки животни и уживаат да се играат и милуваат со луѓето. Но, мажјаците знаат да бидат агресивни, особено во време на парење и кога се под стрес.

km01 km02

Сподели на Facebook
пати видено