Голем дел од децата сонуваат да станат како нивните супер-херои од филмовите. Оваа невина детска желба станала кошмар за малата Мод Жулиен која била подложена на бескрајна злоупотреба од нејзиниот татко, Французинот Луис Дидиер, кој сакал од девојчето да направи „супер-човек“.

Денес Мод има 60 години и таа конечно собрала сила за да раскаже за нејзиното мрачно детство. Жената вели дека нејзиниот татко ја приморувал да се држи за електрична ограда двапати неделно без да покаже знаци на болка или емоции. Ужасниот човек ја затворал Мод во подрум со стаорци, во нивната вила во Северна Франција и инсистирал Мод да „медитира за смртта“. Бидејќи овие тестови не му биле доволни, монстумот ја турнал од карпа, за да ја тестира нејзината издржливост и ја приморувал да пие виски, а потоа да оди по права линија.

За да ја направи да биде „натчовек“ Луис забранувал било какво разменување на нежности. Мајката на Мод не смеела ниту да ја прегрне својата ќерка. Всушност Луис ја посвоил мајката на Мод, кога таа имала шест години, а потоа ја одгледувал за да му стане сопруга. Дидиер се збогатил преку продавање на акции по Втората Светска Војна и го користел неговото богатство за да го прикрие малтретирањето.

Затоа кога Џенин ја родила Мод во 1957 година, многу малку луѓе се вмешале во намерата на Дидиер да го направи девојчето „супер-човек“, затоа што сметал дека наскоро на светот ќе му дојде крај и потребна е силна личност која ќе преживее.

Луис ги извршувал овие „експерименти“ врз неговата ќерка цели 18 години. Голем дел од штетата која ја предизвикал не може да се поправи. Денес Мод страда од проблеми со црниот дроб како резултат на огромните количини на алкохол што нејзиниот татко ја присилувал да ги пие. Таа, исто така, носи ментални лузни од сексуална злоупотреба од страна на нејзиниот татко и негов вработен.

Мод успеала да избега на 18 години, кога и помогнал нејзиниот професор по музичко. Тој успеал да ја придобие довербата на нејзиниот татко, а тој и дозволил на Мод да се омажи за него, но само ако вети дека ќе се врати дома за шест месеци. Мод се омажила и никогаш повеќе не се вратила. Сега таа има друг сопруг и има свои деца и внуци. Мод работи како психијатар, а исто така има напишано и книга за нејзиниот живот „The Only Girl In The World“.

Луис починал во 1981 година, на 71 година, а Мод никогаш не зборувала со нејзината мајка откако го напуштила домот на Луис.

Сподели на Facebook
пати видено