Џуди Керол,64, од Бризбејн, Австралија вели дека уште од мала може да комуницира со вонземјаните, но првата средба се случила кога имала 30 години и оттогаш барем еднаш во месецот ги посетува вонземјаните во нивниот брод кој изгледал како остров во Грција. Џуди исто така смета дека нејзината ДНК е усовршена и сега таа е половина-вонземјанин.

Таа ги нарекува внземјаните “Сиви” и ги опишува како слаби суштества, без коса и со очи во форма на солза. Тие и посочиле на Керол дека треба да научи да медитира за да може да комуницира со нив. Бродот на вонземјаните го опишува како чисто бел, со прекрасни полукружни столбови и без остри агли.

Џуди првин не кажувала за својата “способност,” но откако му кажала на својот маж и тој почнал да ги забележува вонземјаните. Керол има напишано неколку книги за своите средби со вонземјаните и иако не се сеќава секогаш добро, успеала да запамети дека на бродот имало и други експерименти врз луѓе.

Таа развила близок однос со нејзиниот учител од Сивите, Марис, кој ја лечел кога и да била болна. “Се сеќавам како ми го масираше вратот и ги стави неговите долги прсти во моето грло и ја намали напнатоста во мене”, вели Џуди.

Керол нагласува дека овие вонземјани не се непријателски расположени и се дојдени да му помогнат на човековиот род да напредува и еволуира.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено