Мили Фонтана која што ја израснале две жени, лезбејки во интервју за емисијата „Не можеш да го прашаш тоа“ раскажува како изгледал нејзиниот живот без татко. 24-годишната Фонтана, кој водеше кампања за поддршка на референдумот на истополовите бракови, вели дека „виножито семејствата“ треба да водат сметка за тоа како ги управуваат своите семејства.

„Овие луѓе мислат дека имаат право да одлучат до какви родители децата ќе имаат пристап,“ вели Мили . Нејзиниот татко е пријател на мајка и од средно и тие природно ја зачнале неа и нејзините двајца браќа.

Мили прв пат го запознала татко и кога имала 11 години и вели дека тогаш за прв пат во животот се почувствувала стабилно. „ Кога без дете не сакав да ги воведувам луѓето во мојот свет. Да сфатев кој ми е татко ќе ми помогнеше да одам на училиште самоуверено,“ изјавила Мили во интервјуто.

Таа исто така раскажува дека се приврзувала кон хетеросексуалните семејства на своите пријателки. Поминувала голем дел од времето во нивните домови затоа што била фасцинирана од тоа како функционираат овие семејства. Но ни на тој начин не можела да го замени нејзиниот татко и смета дека многу работи и недостасувале.

Фонтана како мала сакала татко за да може да прават заедно работи што се прават „само со татковците“, како што е спортувањето и правење на скара. „Мислам дека многу од истополовите семејства се трудат да се направат „мажествени“ за да надоместат за улогата на татко. “

Таа исто така зборува за анонимните донатори на сперма и како и тие на ист начин ги оставаат децата без татко. Според неа подобро е донаторот да е некој ваш пријател за да може да се запознае и да комуницира со детето.

Мили смета дека истополовите семејства треба да бидат легализирани само во случај кога на децата им се гарантира пристап до двајцата биолошки родители.

Сподели на Facebook
пати видено