На еден наш земјоделец постојано му краделе лубеници од бостанот.
Наместо да го варди по цел ден, ставил една табла на која напишал:
„Една од лубениците наполнив со отров, ајде сега да ве видам дали ќе крадете, мајмуни едни!“
Наредниот ден кога отишол оди да го провери бостанот, гледа сите лубеници на број, а на таблата допишано:
„Сега се две, ајде сега да те видиме како ќе јадеш, скржавец еден!“

Сподели на Facebook
пати видено