Денес мобилните телефони, уреди доволно мали за да се вклопат во џеб, но можете да се јавите речиси насекаде во светот, ја прават комуникацијата полесна од кога било досега. Сепак, првиот светски мобилен телефон денес ќе биде практично непрепознатлив. Измислен во 1902 година, тоа бил со големина на канта за отпадоци и имал опсег од само половина километар. Неговиот пронаоѓач бил само-опишаниот „практичен земјоделец, овошен одгледувач и електричар“, Нејтан Стублефилд, кој бил признат како татко на мобилната технологија, откако го патентирал својот „безжичен“ изум.

Тој не успеал официјално да се едуцира поради тоа што неговиот татко починал додека тој бил тинејџер и младиот Нејтан завршил во „притвор“ на неговата маќеа. Но сепак тој продолжил самиот да се едуцира, така што читал повеќе научни книги. Неговиот брак му донел семејство од девет деца, кои ги одгледал со помош на земјоделството. Неговата инвентивност и индустрија го натерала да отвори училиште наречено Индустриско училиште „Нејтан Стублефилд“.

За време на неговиот живот, тој посветил многу часови и голема сума на пари за да воспостави телефонска служба во неговиот роден град, обидувајќи се да ги поврзе одвоените домаќинства во областа. Неговите обиди започнале во 1886 година, кога почнал да продава и инсталира акустични телефони кои носеле звучни вибрации меѓу две оддалечени кутии за звук преку затегната жица наместо електрична енергија. Тој успеал првата продажба да ја направи во Мисисипи и Оклахома. Овој успех наскоро бил проследен со уште еден, бидејќи тој го земал патентот од САД 378.183 за дизајнот на „механички телефон“, ко-создаден со неговиот партнер Самуел Холкомб. Сепак, наскоро тој бил исфрлен од бизнисот од супериорниот Bell Telephone.

Сепак Нејтан не се откажувал. Тој се фокусирал на електромагнетната индукција за неговиот почетен дизајн. Во својот овоштарник, Стублефилд конструирал 30-метарски јарбол, кој можел да пренесува говор од еден телефон до друг со помош на магнетни полиња, создавајќи индукциски телефон. Во текот на следните неколку години, Стублефилд експериментирал со неговиот телефон, но никогаш не успеал да го направи на поголеми растојанија. Потоа, тој одлучи да се сврти кон нов производ: безжичен телефон базиран на природна спроводливост.

Вкупниот износ на жица потребен за калемите во телефонот бил подолг од она што било потребно за да се добие едноставна конекција, но пронајдокот дозволил мобилност. Тој едноставно практикувал еден факт – водата спроведува електрична енергија. Значи, системот користел телото на вода или земја како медиум што пренесувал глас, наместо да користи жици во електричното коло.

Тој го демонстрирал и промовирал својот уред на јавниот градски плоштад во Мареј на Нова Година во 1902 година, емитувајќи музика и глас до приемниците, еден од нив на растојание од пет блока. Репортерот веднаш бил испратен да го интервјуира пронаоѓачот, кој во интервјуто предвидел дека неговиот нов уред ќе се користи за пренос на вести и информации ширум светот.

Неколку претприемачи од Њујорк биле заинтеренсирани за неговиот пронајдок, но тој не станал познат поради тоа што уште имало многу шум за време на разговорите. Нејтан никогаш не се опоравил од овој неуспех, иако во 1908 година патентирал нова верзија дизајнирана за комуникација меѓу движечките возила како што се чамци и возови.

Неговите пронајдоци не биле комерцијално успешни и тој останал без пари. Тој починал сам во 1928 година, а неговото тело било пронајдено по неколку дена во далечно, засолниште во Кентаки.

Сподели на Facebook
пати видено