Печатот PrintGREEN 3D печатачите ги претвора во градинари по порачка со дизајнирањето на „зелен“ 3D принтер во 2013 година. Печатачот произведува живи отпечатоци, печатејќи посебно изработени предмети по желба на купувачот. Проектот бил создаден во Мариборскиот универзитет во Словенија, започнат од студентите Маја Петек, Тина Зидашек, Уршка Сказа, Даниза Рженичник и Симон Тржан, со помошта на нивниот ментор Душан Зидар. Целта на проектот е да се обединат уметноста, технологијата и природата, креативно создавајќи живи сизајни со помош на современата технологија.

„Мастилото“ кое го користи машината е комбинација од почва, семиња и вода, кои можат да бидат дизајнирани во било која форма. По сушењето, калливата мешавина ја задржува својата форма и од органскиот материјал започнува да никнува трева.

printgreen_05 printgreen_07 printgreen_09 printgreen_11 printgreen_12 printgreen_13 printgreen_14 printgreen_15

Сподели на Facebook
пати видено