Луѓето ќе направат секакви работи за да го подобрат својот изглед. Од трошење на многу пари за козметички производи до трошење на милиони за пластична хирургија. Границите за екстремност кај луѓето полека се губат. 21-годишниот Кирил Терешин од Русија станува се повеќе опседнат со развивање на неговите огромни мускули.

Кирил инјектира во своите раце исклучително опасни хемикалии кои сега почнуваат да го земаат данокот врз неговото здравје. Терешин кој е поранешен војник, може да се класифицира како Попај од реалниот живот. Тој користел синтетички хемикалии за да предизвика мускулите да му отечат, во обид да остави впечаток дека има џиновски мускули. Мускулите на Кирил немаат врска со неговата сила, бидејќи тие се целосно вештачки.

Терешин признал дека инјектирал потенцијално смртоносна комбинација на алкохол, лидокаин и синтол што лекарите му го кажале дека може да предизвика оштетување на нервите. Тој во своето тело инјектирал неколку литри од овој потенцијално фатален коктел. Лекарите исто така велат дека опсесивната навика на Терешин веројатно ќе предизвика мозочен удар еден ден од кој веројатно никогаш нема да се опорави.

Иако е многу опасно, сосема е легално да се купат овие хемикалии. Штетата кај рацете на Кирил веќе може да се види. Неговите раце се многу црвени и изгледаат болно отечени. Ако Терешин одлучи да продолжи со оваа опасна навика, на крајот ќе стане премногу за неговото тело и може да дојде до ампутирање на рацете.

„Тој многу веројатно се соочува со ампутација во иднина“, објаснил професорот Евгениј Лилин на Daily Mail. „Ќе се развијат еден ден апсцеси, потоа воспаление и тој ќе биде изложен на ризик од мозочен удар. Лошо е тоа што веќе инјектираниот синтол или неговиот еквивалент ќе остане во мускулите во наредните пет до седум години, дури и ако тој престане да додава повеќе сега.“

Вклучени во долгата листа на потенцијални ризици што ги претставува неговиот неконвенционален животен стил е растечката закана од парализа. Според професионалците ткивото во неговите раце е веќе променето до тој степен, што не може да се отстрани направената штета.

Причината поради која Кирил го прави сето ова и го ризикува својот живот е прилично банална. Тој признал дека сака значително да го зголеми бројот на следбеници на Инстаграм и има за цел да достигне барем еден милион. Според 21-годишниот Попај „за еден месец“ тој „добил 160.000“ на неговиот Инстаграм профил.

Сподели на Facebook
пати видено