Во изминатите неколку децении се шират гласини низ целиот свет за постоењето на џиновски хуманоиди, чудни форми на живот, кои живеат во ледените води на Антарктикот. Никој всушност не знае што претставуваат овие суштества, но голем број а луѓе тврделе дека наводно забележале како огромни суштества со човечки карактеристики излегуваат од длабочините на океанот.

Овие суштества сведоците ги нарекле Нинген, што значи „човечки“ на јапонски и изјавиле дека Нинген имаат нозе, раце, па дури и по пет прсти. Понекогаш се опишани со перки или со голем опаш како сирена. Единствените видливи карактеристики на лицето се очите и устата. Описите на Нинген се разликуваат, едниствено што секогаш се совпаѓа е големината на мистериозното суштество.

Според извештаите, овие супермасивни бели хуманоидни суштества растат до 30 метри. Можеби се работи за некој вид на риба? Па, според неколку извештаи и видеа објавени на интернет овие мистериозни суштества се разликуваат од она што сме го виделе порано.

Извештаи од една средба објаснува како членовите на екипажот на бродот кој што патувал во близина на Антарктикот го забележале она што претходно се сметало за подморница во далечината. Меѓутоа, кога се приближиле кон неидентификуваниот објект, со неправилна форма, било јасно дека тоа не е подморница, туку живо суштество. Кога бродот се приближил до суштеството, тоа брзо исчезнало во длабочините во близина на Антарктикот.

Сепак, Нинген, исто така, е забележан во Пацификот и Атлантскиот океан, што доведува до теории кои сугерираат дека се претежно ноќни суштества и преживуваат во ладни арктички води. Повеќето од наводните видувања се случиле ноќе, со што мистериозните суштества биле крајно тешки за документирање или снимање.

Во најголем дел, постоењето на Нинген се смета за масовна модерна „урбана легенда“. Постојат неколку теории, поврзани за Нинген, вклучувајќи албино кит, непознат вид на гигантски водни не-човечки мајмун, исто така може да биде и нов вид на Манта раја, или пак некој нов вид на животно.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено