Коктелите сладоледи се совршено летно уживање и уникатен начин да се служат пијалоци. Еве неколку рецепти за тоа како да си приготвите еден ваков сладолед.

Сангрија со праски

ck01

Додадете малку ракија од праски во сангрија, обложете парчиња од праски со шеќер, измешајте сѐ заедно и ставете ги во замрзнувачот неколку часа.

Мохито

ck02

Шеќер, нане и сок од лимон се неверојатни состојки за секој сладолед. На ова додадете и малку рум, и добивате коктел сладолед. Првин зовријте ги шеќерот и водата, додадете нане и оставете да врие пет минути пред да ја оставите смесата да се излади. Потоа процедете, додадете малку лимон и алкохол по избор, и добивате вкусен коктел сладолед.

Пинаколада

ck03

Коктелот пинаколада има вкус на лето, но овој силен пијалок не секогаш е освежителен. Измешајте свеж ананас со кокос, додадете рум и мешајте додека смесата да се изедначи. Исцедете по потреба и оставете ја во замрзнувач во текот на 24 часа.

Црвено вино

ck04

И со вино можете да направите вкусен сладоле. Додадете шеќер и овошје за да го направите уште повкусен. Доколку смесата стане преслатка, додадете малку балсамов оцет за да ги избалансирате вкусовите.

Маргарита

ck05

Свеж џус и текила во замрзната летна наслада? Да, измешајте лимон и портокал и потоа додадете ликер од портокал, шеќер и текила – и добивате маргарита сладолед на стапче.

Сладолед од пиво

ck06

Додадете малку шеќер и сок од лимон на вашете омилено пиво, ставете во замрзнувач неколку часа и добивате сладолед кој ќе има подобар вкус и од вистинско пиво…можеби, а можеби и не.

Шампањ

ck07

Измешајте шампањско со вашето омилено свежо овошје за да си приготвите вистинска коктел наслада. Покријте го сладоледот со некоја глазура за да го направите уште поотмен.

Даикири

ck08

Кога станува збор за коктел сладоледи, даикири од јагода е веќе на половина пат до конечниот резултат. Измешајте јагоди, рум, сок од лимон и шеќер со лед, и потоа оставете смесата да замрзне.

Текила санрајз

ck09

За ова ви треба ананас, текила и калинки за да направите совршен текила санрајз сладолед. Измешајте сок од ананас со парчиња ананас и потоа додадете ја текилата. Наполнете го калапот за сладолет до три четвртини и потоа додадете кафена лажица калинки.

Рум и кока-кола

ck10

Измешајте кока-кола со рум, и направете коктел сладолед кој секој пират кој држи до себе би го обожавал. Додадете и малку калуа ликер и сте подготвени за летото.

Сподели на Facebook
пати видено