Иволв, организација од САД која се залага за безбедност и контрола на оружјето започна брилијантна кампања зачинета со многу хумор за да ја разбуди свеста за вистината за опасноста на оружјето која воопшто не е смешна.

Прикажани се слики со деца кои си играат со најразлични „играчки за возрасни кои не смеат да се спомнат“, со порака дека и со оружјето е така – ако децата го најдат, ќе си играат со него. Авторот на кампањата вели дека како што возрасните ги кријат и заклучуваат нивните секс играчки, исто така треба да постапуваат и со оружјето кое го поседуваат, бидејќи невнимателноста ги предизвикува сите трагедии. Од Иволв истакнуваат дека се непартиска организација, со оглед на тоа што последните години во САД се води контроверзна дебата за тоа дали треба да се ограничи слободниот пристап до оружје на американските граѓани. „Ние сме трет глас во дебатата за оружјето, бидејќи безбедноста не е страна која треба да се избере или не.“

funny-gun-safety-ad-campaign-evolve-always-lock-up-your-guns-1

funny-gun-safety-ad-campaign-evolve-always-lock-up-your-guns-2

funny-gun-safety-ad-campaign-evolve-always-lock-up-your-guns-3

funny-gun-safety-ad-campaign-evolve-always-lock-up-your-guns-4

Сподели на Facebook
пати видено