Рачно напишаните писма од страна на големите историски личности секогаш достигнуваат висока цена на јавните аукции. Рачно напишаните пораки на Алберт Ајнштајн со детали за неговиот совет за среќа беа продадени за 1,56 милиони долари на аукција во Ерусалим во октомври. Писмото на Чарлс Дарвин до Џејмс Грант, едно од само две писма што некогаш се нашле на пазарот што ја опфаќаат Дарвиновата борба со религијата беше продадено за 125.000 долари, во двојно повеќе од проценетата вредност.

Во неговата писмо од три страници, се зборува за тоа кое е местото на семоќниот и сезнајниот Бог во „За потеклото на видовите“. Во твит, њујоршката аукциска куќа, Сотби објасни дека оваа сума е двапати повеќе од првичната проценка. Неколку писма од Дарвин биле ставени на аукција во последните неколку години. Едно коминике со морски биолог, кој зборува за неговата позната теорија, чудно не успеало да се продаде во 2016 година, а друго во кое научникот го изразил своето неверување во Библијата се продало за 197.000 долари, три пати повеќе од претходниот рекорд поставен со писмо што го напишал за неговата внука.

Како што беше претставено од Сотби, ова ново писмо било испратено во 1878 година, 19 години откако неговиот магнум опус го потресе светот. Тоа беше одговор до еден млад биолог, Џејмс Грант, кој сакал да дознае, што е можно подобро, дали неговата книга ги уништила доказите очигледно присутни во природниот свет, кои укажуват на постоењето на семоќното божество.

Дарвин одговорил пет дена подоцна, но не сакал да навлегува на темата, велејќи дека е премногу сложено да се одговори со едноставен одговор. Писмото завршува така што Дарвин му се обраќа на Грант со зборовите: „Јас сум принуден да го оставам проблемот нерастворлив. Ниту еден маж кој си ја извршува должноста има од што да се плаши и може да се надева на она што тој искрено го сака.“

Истражувањето на Дарвин го натерало да се бори со својата вера во Бога во текот на годините. Еднаш, тој му се доверил на Џозеф Далтон Хукер, ботаничар и еден од неговите најблиски пријатели, дека неговата теорија без бог е како „признавање на убиство“.

Уште едно писмо било продадено од Сотби од првиот компјутерски програмер во светот, Ада Лавлејс, за 32.500 долари. Во него, таа му пишува на нејзиниот пријател, познатиот англиски новинар Албани, каде што зборува за времето, ветената посета и Чарлс Бебиџ, со кого тесно соработувала. Ада помогнала да се направи „Аналитичкиот мотор“ заедно со Бебиџ.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено