Со користење на дронови и радари кои продираат во земјата, експерти од Универзитетот Рене Декарт во Париз и Клубот на Истражувачи од Њујорк веруваат дека ја пронашле Временската Капсула на легендарниот француски писател Жил Верн, познат по неговите книги 20.000 милји под морето, Патување во центарот на земјата, Пат околу светот за 80 дена, Од Земјата до Месечината и многу други.

Еден од највлијателните писатели кој ги помести границите помеѓу возможното и невозможното е без сомнение писателот Жил Верн. Верн бил исто така и француски романсиер, поет и драмски писател. Тој е вториот најпреведуван автор од 1979 па до денес рангирајќи се помеѓу Агата Кристи и Вилијам Шекспир и се смета за “татко на научната фантастика”.

Сега експертите тврдат дека ја пронашле неговата Временска Капсула. Мистериозната метална кутија содржи документи, книги и чудни метални предмети со различна големина. Она што ги возбудува историчарите и луѓето низ светот е потенцијалниот необјавен материјал од Верн.

Мистериозната временска капсула е пронајдена во близина на француските Пиринеи, во јужниот дел на Франција, откако експертите го проучувале гробот на легендарниот писател. Откритието било успешно благодарение на тримесечно истражување, каде што истражувачите користеле слики направени од дрон и радар кој што продира во земјата.

Според извештаите на експертите до областа во која е пронајдена капсулата дошле со помош на комплексни алгоритми за геолокација. Тие се убедени дека металната кутија е закопана од страна на Жил Верн или некој негов близок. Моментално се врши анализа на сите предмети од кутијата, во контролирана средина за да не дојде до контаминирање на предметите од капсулата.

Иако многу луѓе одлично ги прифатија овие вести, скептиците предупредуваат дека уште не е возможно да се докаже дека предметите од металната кутија му припаѓале на Жил Верн. Весниците во Франција пишуваат дека научниците се во втора фаза на истражувањето и дека содржината на временската капсула ќе и биде позната на јавноста во најскоро време.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено