Возраста не е ништо освен бројка за една млада личност која ја води кампањата на Доналд Трамп во Колорадо. Вестон Ајмер, кој веројатно е најмладата личност задолжена за претседателската предизборна кампања има само 12 години. Тој е задолжен за операциијата за собирање волонтери кои ќе ги поттикнуваат луѓето да излезат на гласање.

Вестон кој дури успеал да се запознал со Доналд, работи заедно со неговата мајка Лорел Ајмер, која е официјален теренски координатор. Таа вели дека сака на својот син да му ја даде најголемата одговорност и да им покаже на другите родители како треба и нивните деца да се вклучат во изборниот процес.

„Имате одговорност да ги научите вашите деца“, вели таа. „Вклучете се, тоа е тоа што ќе ви го кажам. Вклучете се, децата треба да се образоваат.“

gl01 gl02 gl03 gl04 gl05 gl06

Сподели на Facebook
пати видено