Натпреварувачите кои ќе земат учество во водните настани на Олимпијадата во Рио следниот месец биле предупредени да ги држат устети затворени кога пливаат за да не фатат некоја сериозна болест од загадената вода. Здравствените експерти ги предупредиле олимписките маратонски пливачи и едриличари кои ќе се натпреваруваат во залиов Гуанабара, кадешто неодамна бил најден човечи труп, да бидат крајно внимателни бидејќи водите можеби се многу позагадени отколку што се мислело.

Се тврди дека заложбите да се исчисти заливот и да се поправи застарениот одводен систем пропаднале. Активистите за заштита на околината и научниците ја изразиле својата загриженост за заливот Гуанабара и плажата Копакабана, велејќи дека тие се многу позагадени отколку што се мислело порано. Еден бразилски доктор дури отишол дотаму што изјавил дека маратонските пливачи „буквално ќе пливаат во човечки измет.“

„Странските спортисти буквално ќе пливаат во човечки измет и ризикуваат да се разболат од сите тие микроорганизми“, вели д-р Даниел Бекер кој работи во Рио де Жанеиро.

r01 r15 r14 r13 r12 r10 r09 r08 r07 r06 r05 r04 r03 r02

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено