Селото Жонгдонг во кинеската провинција Гуижу е единственото село во земјата кое е сместено во природна пештера. На 1800 метри надморска височина, до селото може да се стигне само по едночасовно искачување и поради таквата непристапност, оваа мала заедница денес има проблем да преживее. За нештата да бидат полоши, не само што не добиваат помош од кинеските власти, туку кинеската влада изјавила дека „Кина не е општество на пештерски луѓе“ и го затворила селското училиште во 2008 година. Сега децата мораат да пешачат до два часа секое утро за да следат настава во друго училиште.

Со цел да ги подобрат своите услови за живот, селските старешини се обиделе да лобираат кај локалната влада да им изгради пат кој би ја поврзал нивната пештера со постојна инфраструктура, но и покрај тоа што во Жонгдонг има пристап до телевизија и повремено пристигнуваат весници, селото сѐ уште во голема мера останува изолирано од останатиот свет. За да се снабдат со неопходните намирници, селаните секоја недела одат на пазар во најблиското место кое е оддалечено 15 километри.

ps01 ps02 ps03 ps04 ps05 ps06 ps07

Сподели на Facebook
пати видено