Новиот град Џин Џин Џи, ќе зафаќа површина од 216 илјади квадратни километри во северно-источниот дел на Република Кина, поточно на брегот на морето Бохаи. Џин Џин Џи ќе биде нов урбан град со развојни економски зони.

Властите планираат до 2020 година да изградат мрежа од брзи возови и експресни патишта, па така да го намалат времето за патување на жителите на градот кој по својата површина ќе биде поголем од Велика Британија.

МЕГА Градот ќе се создаде со спојување на градовите Пекинг (20 милиони), Тианџин (13 милиони) и околната област Хебеи (74 милиони). Притоа Пекинг ќе си остане главен град, полтички и финансиски центар.

По добивање на одобрение од страна на кинеските власти во 2014 година,  досега се инвестирани повеќе од 46 милијарди евра, во неколку индустрии, како образование, здравство, транспорт, екологија и човечки ресурси. Меѓу нив и 33 милијарди за изградба на железничка мрежа во должина од 91.126 километри.

Сподели на Facebook
пати видено