Кога ќе помислиме на Викинзите првин помислуваме на транзитна култура, која се движи од место до место, пљачкосувајќи села и пловејќи по морињата. Сепак, се откриваат се повеќе и повеќе докази кои фундаментално ја менуваат оваа слика на нордиските морнари, со тврдина откриена во Данска, што сугерира дека има многу повеќе за Викинзите отколку што многумина претходно мислеле.

Археолозите сега ја опишаа импресивната тврдина во списанието Антикити, изградена во совршен кружен аранжман, за кој тие тврдат дека била изградена од озлогласениот Викинг и данскиот крал Харалд Гормсон. Ова е петтиот таков замок откриен во Данска уште од 1930-тите и го смени општото мислење за Викинзите, покажувајќи дека тие во средниот век формирале сложени, технолошки напредни населби.

Оваа последна тврдина, наречена Боргринг, била пронајдена јужно од Копенхаген на островот Зеланд. Додека нема ништо што може да се види на ниво на земја освен неколку могили, бидејќи земјата се оре и обработува со векови, воздушните истражувања со помош на Лидар јасно ги покажале остатоците од кружната тврдина со неверојатни детали. Користејќи го ова како шаблон, истражувачите успеале да откријат цела низа неверојатни артефакти кои откриле колку е комплексна оваа структура и какви биле културата и општеството во тоа време.

Совршеното кружно уредување на ѕидините, изградено од земја и дрвена граѓа и со дијаметар од 144 метри, покажува неверојатна вештини. Истражувачите откриле поплочени дрвени патишта и четири порти, како и накит и неверојатно добро сочувана столарска кутија. Утврдено е дека тврдината датира меѓу 970 и 980 н.е., во времето на крал Харалд Гормсон.

Доказите, сепак, сугерираат дека тврдината имала брутален крај. Археолозите пронашле знаци дека структурата била нападната, при што две од портите биле значително изгорени. Истражувачите сугерираат дека старото ривалство со шведски викинзи можеби било причината за уништување на оваа тврдина.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено