Можат да постојат милион причини зошто една личност е осамена. Но дали сте забележале дека голем број убави и паметни девојки се заглавени во фаза на „чекање“? Некои од нив со години ја бараат вистинската љубов, но не можат да ја пронајдат. Многу луѓе мислат дека е невозможно ваквите девојки да имаат такви проблеми, но се случува, а еве и неколку приказни кои ја објаснуваат причината.

Тие понекогаш се доволни сами на себе

Модерните жени се самоуверени и силни, тие немаат потреба од маж да ги „штити“, оваа приказна совршено опишува како овие девојки гледаат на мажите.

Мојата пријателка има 25 години.Таа е многу фина девојка, паметна, добро-образована, со добра работа.Сака да се забавува и да го поминува времето со пријателите. На многу момци им се допаѓа, но таа сепак е синг.Зошто? Затоа што таа има ладна глава и знае точно какво треба да биде момчето со кое што таа ќе излегува.Таа никогаш не започнува врска само за да не биде сама или само за да даде шанса.Затоа голем дел од момчињата се означени како „Отфрлени“, уште од прв поглед или прв состанок.

Не сакаат да си го губат времето

Паметните и софистицираните жени донесуваат одлуки многу бргу. Доколку момчето не изгледа како потенцијален кандидат за сопруг тогаш му кажуваат „Збогум“. Врската треба да има конечна дестинација и ако не води некаде тогаш е губење на време. Затоа некои девојки во своите 30 години се омажиле, имале дете, се развеле и повторно планираат нова свадба а некои пак на истите години не можат да се одлучат за првиот состанок.

Страдаат од измислени комплекси

За жал измислените комплекси се многу чести. Полничка девојка без проблем може да облече шарени хеланки и да се чувствува добро, а додека пак некоја висока девојка со долги нозе никогаш не ми облекла мини здолниште. Зошто е тоа така? Се работи за самодоверба и жените треба да научат како да ја зголемат.

Можеби не сакаат да бидат „класични“ сопруги

„Лично сакам жена која што ќе се грижи за мене и за работите околу куќата. Не сакам некоја што ќе бара внимание секој пат кога ќе излеземе.“, изјавил еден маж. Модерните жени не се вклопуваат во овој концепт.

Премногу се фокусирани на тоа да останат сами

Ако на привиот состанок девојката зборува за нејзината венчаница или за тоа каде би сакала да и биде медениот месец, или пак за да покаже колку е искрена ја раскаже операцијата на дебелото црево, тогаш првиот состанок ќе стане последен. Тие во ваквите моменти делуваат очајно и ги плашат мажите. Иако изгледа дека се трудат да се омажат, всушност се трудат да останат сами.

Убавината ги привлекува погрешните мажи

Убавите жени често привлекуваат кретени затоа што скромните момчиња се плашат да им пристапат. Еве и еден пример од реалниот живот.

6 години по завршувањето на факултетот се запознав со еден оженет човек. Станавме пријатели но секогаш чувствував одредена поврзаност со него. Еден ден тој ми призна дека сме оделе на истиот факултет и дека тогаш многу сум му се допаѓала. Кога го прашав зошто не направил ништо во врска со тоа тој ми рече, „Ти изгледаше толку непристапно, најубавата девојка на целиот универзитет. Знаев дека ги одбиваше и популарните момчиња, па затоа како можев јас да се натпреварувам со нив? Мислев дека нема да сакаш ниту да ме погледнеш.“

Стравот им е непријател

Игнорирањето на можностите може да доведе до пропуштање на „вистинската“ личност. Девојките мислат дека ќе го препознаат „вистинскиот“ од првиот поглед, но работите не одат така. Врските се подложни на грешки и жените не треба да се плашат од тоа.

Премногу совршено не е совршено

Поранешната на мојот сопруг беше „госпоѓица совршена“. Убава, паметна и инспиративна. Го слушнав како зборува со пријателот дека не бил само затрескан во неа туку бил луд по неа. Тие зборови ме убиваа. Се мачев. Што гледаше тој во мене? Непосредно пред нашата венчавка, решив да го прашам. Тој ми рече: „Таа беше премногу совршена. Земи не нас за пример. Се будиме рано, но ако сакаме можеме да станеме од креветот и навечер, да оставиме прлави садови до креветот и знаеме дека ништо лошо нема да се случи. Но таа беше опседната се што прави да биде совршено. Знаеш, перфекционистички синдром. Па си реков, не, благодарам!“

Сподели на Facebook
пати видено