Приказните за дивите деца се појавуваат во фолклорот и фикцијата.Во 1894 година Радјард Киплинг ја објавил својата позната колекција од приказни „Книга за џунглата“. Во неа се раскажуваат авантурите за Могли, дете од дивината одгледано од волци, кои подоцна се адаптира на животот на луѓето. Во реалноста „дивите деца“ ретко се адаптираат во општеството, таков е случајот и со Виктор од Аверлон.

Недостатокот на соодветна грижа, емотивна стимулација и образование го попречуваат нивниот социјален напредок и го одложуваат нивниот ментален развој. Дивите деца честопати станаа предмет на научни студии и дебати што ги стигматизираа и ги претвораа во лабораториски предмети, кои се користат за докажување на научни теории. Француско диво момче кое живеело во шумите во регионот Аверон кон крајот на 1790-тите и наводно го одгледале волците, било забележано од локалните селани во 1794 година а било фатено од ловците во 1797 година и донесено во градот.

Млада вдовица се грижела за него неколку месеци, но момчето избегало и се вратило во шумата. Тој доброволно излегол од шумата во 1800 година. Момчето тогаш имало околу 12 години и не можело да зборува на ниту еден јазик. Лекарите кои тогаш го прегледале првин мислеле дека е глув и нем. Откако бил испитуван во Националниот институт за глуви во Париз, било утврдено дека е целосно здрав, но никогаш не дошол во контакт со било кој јазик. Момчето сакало да се шета голо дури и кога било ладно, со што заклучиле дека тој бил добро навикнат на суровите услови во дивината.

Кога Виктор бил пронајден сите научници се кренале на нозе. Неколку истражувачи, меѓу кои и познатиот инструктор на глувите по име Рох-Амброз Кукурон Сикард, се обиделе да го научат Виктор да зборува и комуницира за да докажат дека однесувањето на човекот зависи од околината. Иако Виктор покажал некои знаци на напредок, тој бил агресивен, хиперактивен и незаинтересиран за учење. Ова на крајот ги навело научниците до заклучок дека тој никогаш нема да може да се прилагоди и бил оставен да скита по ходниците на Националниот институт за глуви, како локална атракција.

Жан Марк Гаспард Итар

За среќа, Виктор бил посвоен од страна на студент по медицина по име Жан Марк Гаспард Итар. Тој му го дал името „Виктор“ бидејќи до тогаш бил познат како „Волчјо дете“. Со негата на Жан Виктор успеал да научи неколку фрази и да прифати некои социјални навики, но никогаш не станал целосно функционален член на општеството. Сепак, добил соодветна грижа и водел мирен живот до 1828 година, кога починал од пневмонија на возраст од околу 40 години.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено