Менаџер, кој сака да остане анонимен ја сподели приказната со нас за неговиот живот во две сосема различни земји, во секој поглед, според него. Тој живеел во Русија, а веќе една година живее и работи во Шпанија. Поради деликатноста на неговата работа сака да остане анонимен, но искрено и отворено ја прикажува сликата за животот во Русија и Шпанија, а воедно и разликата со Македонија.

МОТИКА: Зошто и како се преселивте, зошто одлучивте да одите во друга држава?

Роден сум во Македонија, израснав во Македонија каде завршив и високо образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Гледајќи и чувствувајќи ја реалноста на животот во Македонија без можност за напредок и доградување како личност и кариера, одлучив да направам чекор напред кон нов предизвик. Заминав за Русија во 2012 – земјата со студена клима, а со топил и пријателски народ. Почетокот беше тежок, макотрпен, но истрајноста да успееш во целта се реализира. Животот е енормно скап, примањата беа солидни да си ги задоволиш побарувањата. Се бараше дополнително да се работи за дополнителни приходи. Земјата е така организирана да имаш можност за реална заработка во секој сектор. Поради професионални побарувања, минатата година се преселив во Шпанија – земја со топла клима 10 месеци во година, весел народ, со еден збор – Балкан со финансии.

Нова земја, нов јазик, културата како на Балканот. Земјата е прв снабдувач на цела ЕУ со прехранбени производи, Облека брендирана и пијалаци. И тука во Шпанија, доколку работиш, ќе создаваш и ќе заработуваш, НО АКО НАПРАВАМ ПАРАЛЕЛА (во Шпанија средна плата е 1670 € од ЕУ), а во Русија (600 €), сепак би додал дека реалната ситуација за можности е далеку поинаку во корист на Русија! Работам за шпанска компанија како проект менаџер на нивни производи кои се нови на пазарот во светот.

МОТИКА: Опишете ја државата во која живеете.

Русија е земја со многу природни убавини и ресурси, студена клима, но топли луѓе и го живеат животот според своите желби. Културата и цивилизацијата кај народот е замината пред сите ЕУ земји.
Шпанија: Топла земја со богати ресурси, весел народ со многу празници во годината. Работното време од 8:00-13:00/14:00 и од 16:00-20:00/21:00 часот преку цела недела, петок до 14:00 часот. НЕ во секој сектор.

МОТИКА: Колку се трошоците за живот?

За Русија нема да зборувам, од причина што за Македонските граѓани се апстрактни суми од кои боли глава! За Шпанија, зависно од градовите по територија на Шпанија се за 10-50 % поевтино од Македонија!

МОТИКА: Колку чини киријата, куќа?

За Русија: од 1000 € до 5000 € месечно ( ДА! Толку се кириите!)

За Шпанија, во населбите на градовите од 100-400 €, а во самите градови од 150- 1200 € ( разлика во станови на пример нема -еднособен или 5 собен, разликата е 10-20 % во цената!)

МОТИКА: Споредете колку чинат некои основни јадења таму и кај нас?

Скоро 80 % од производите во Шпанија се за 30-50 % поевтини од тие кај нас во Македонија.

МОТИКА: Ако имате бизнис, опишете го, опишете како сте почнале, како сте успеале?

Секој пат и предизвик во животот е тежок и макотрпен. Зависно која е крајната цел и желбата за успех, така и се организираме во животот. Се зависи од нас самите, а околностите и препреките треба сами да ги предвидиме и елиминираме од патот на успехот! Бизнисот не познава пријателства и слободно време. Колку порано ќе ги тргне човек од животот, толку подобро за него (Тоа е суровата страна на Капитализмот и конкуренцијата, на „Убавиот и лагоден живот“). За вистински успех, треба време!

МОТИКА: Како ви започнува денот?

Со секојдневни обврски, онака како што ти налага планот и организацијата за тој ден. Поради работата, НЕ секогаш имаш можност да го правиш она сто си го правел како програмиран во животот. Некогаш работниот ден трае и до 2-3 часот во ноќта, некој ден е до 13:00 часот.

МОТИКА: Како го трошите слободното време?

За постигнување на успехот во животот, мора да се откажеме од некое задоволство – а тоа е слободното време кое за жал во странство каде се зависи лично од тебе самиот, НЕ можеме многу да го имаме слободното време. И тоа што останува, се користи максимално ( или рекреативно на плажа, пријатели на средба, спорт или некоја книга да прочиташ).

МОТИКА: Каков е ноќниот живот таму?

Со оглед дека Шпанците се весел народ, има доста забава, секојдневно има по некој фестивал, игри, натпревари. Живеат од денес за денес – онака како во Македонија. За разлика од Шпанија, Русија има свој концепт и култура кон овој стил од Животот.

МОТИКА: Дали имате пријатели и соседи таму?

Да, пријатели има иако ретко има можност за секојдневни средби т.н. како во Македонија. Ова е и за Шпанија и за Русија.

МОТИКА: Дали луѓето се пријателски настроени кон странците?

Како и кај нас кога имате првични средби со странци, сте внимателни така е и во Русија И Шпанија. Знаат зошто сте дојдени во нивната земја.

МОТИКА: Која културна разлика Ви беше најчудна кога прв пат дојдовте во земјата?

Има неколку: Русија како земја од 170 јазици и народи, секој има своја култура која е општоприфатена кај сите руски граѓани. Шпанија со оглед дека е била колонизатор и е најзастапен Шпанскиот јазик по број на земји во светот, е мултинационална и е отворена за културата на другите народи, но ја држи својата традиција.

МОТИКА: Што од културата најмногу Ви се допадна?

Архитектурата од минатото за Шпанија.

МОТИКА: Која е најголемата разлика со Македонија?

Целокупното општество, моралот, домашната култура и воспитувањето, образованието, етиката и многу други работи! – Ова во најмала основа за споредба со Шпанија. За да ја споредам со Русија – нема ни почеток во Македонија каде би се промениле нештата кон некоја светла иднина.

МОТИКА: Дали има и други Македонци таму?

Многу ретко во Шпанија. Во Русија, да во незначителен број.

МОТИКА: Што Ви недостасува од кај нас?

Искрено, ништо освен родителите. А, се останато од Македонија нема нешто што би ме фасцинирало да живеам и да имам носталгија за таму.

МОТИКА: Кое е најдоброто нешто што Ви се случило таму?

Секој ден е нов предизвик и нов настан и убавина, сам по себе. Како во Русија, така и во Шпанија.

МОТИКА: Дали некогаш планирате да се вратите во Македонија?

Животот не знаеме кон што не води, но искрено – НИКОГАШ ПОВЕЌЕ! Во Македонија треба од корен да се променат многу вредности, навики, особини, култура, цивилизација, размислување, самокритичност, одговорност, морал, етика, едноставно, треба целото општество да се промени, а за тоа треба промена на генерации. ЕДИНСТВЕНО КАДЕ ПОВТОРНО БИ СЕ ВРАТИЛ Е РУСИЈА!

Блиц прашања
Колку чини 1 леб? Русија: од 15 до 180 денари Шпанија: од 0.40-2 €
Колку чини 1 кафе? Русија: 5- 35 € во Кафуле Шпанија: 0.80-2 € во кафуле
Колку чини 1 пиво во продавница, а колку во кафуле? Русија: 1 € / 7-12 € Шпанија: 0.20 € / 1.20 €
Место што мора да се посети? Русија: Петерхоф, Санкт Петербург, Камчатка. Шпанија: Андалузија, Сантандер
Традиционално или типично јадење што мора да се проба? Русија: кујната е слична на Многу Словенски Кујни.
Шпанија: Хамон, Прасе или Јагне во Фурна ( ресторант во Мадрид со традиција од 300 години)
Најпознат граѓанин? Русија: Клашников, Толстој, Путин, Кадиров Шпанија: Кралското семејство
Најпопуларен сувенир? Русија: Бабушка, Дедо Мраз И Снегуроцка Шпанија: Тореадори
Најкористен збор/фраза? Русија: Хорошо, Я тебя люблю Шпанија:¡Вале!
За која тема луѓето најмногу зборуваат? Русија: За многу теми од животот. Шпанија: За семејството и животот на празниците.
Најчесто име и презиме? Русија: Владимир, Виталиј, Анатолиј, Михаил, Катерина Шпанија: Хуан, Хосе
Сакате да ја споделите вашата интересна животна приказна со цела Македонија? Пријавете се за интервју: [contact-form-7 id=”408359″ title=”Пријава за интервју”]

Коментар од уредникот на Мотика: Ставовите и мислењата изнесени во овие интервјуа не се ставови на Мотика, туку на младите луѓе кои решиле да ја напуштат Македонија. И мене како и многумина од вас, вистината многу ме боли, но додека не се соочиме со неа, властите ќе не лажат дека живееме во Швајцарија. Целта на секој еден политичар што ќе седне во фотелја во иднина, било да е градоначалник, пратеник или министер, МОРА да му биде да создаде минимални услови младите луѓе да не бегаат од државата. А ние сме таков народ, не бараме многу, само достоинствени услови за живот, а тоа не е тешко да се обезбеди во земја како нашата. Држава со 4 годишни времиња и со земја што раѓа не може да биде сиромашна, може само некој да ја краде! Да сме некоја африканска пустина, да ја разбереме сиромаштијата. Како може италијанските фармери да се богаташи, а ние да црнчиме кај нив, кога нашата земја е поубава од нивната? Да не зборуваме за тоа колку интелигентни деца имаме кои го одбираат овој пат.

Сподели на Facebook
пати видено