Мачорот Коби се здоби со многу обожаватели низ социјалните мрежи благодарение на своите огромни сини очи и прекрасен изглед. Неговата страница на Инстаграм веќе има 279 000 следбеници, а на Фејсбук речиси 3000. Освен зашеметувачките сини очи, Коби има и блескаво бело крзно, што е многу ретка комбинација.

Вообичаено мачките имаат сивкаво крзно и кафеаво-жолти очи. Коби е рожба на кусовлакнеста британска мачка, позната по својот спокоен темперамент. Тој многу сака да јаде риба, да отвора кутии и да се капе во бањата. Стопаните на Коби сега заработуваат пари преку реклами со нивното милениче.

kb01 kb02 kb03

Сподели на Facebook
пати видено