8 јагниња биле породени во многу рана фаза. Научниците ги ставиле во овие вештачки најлонски матки, за да продолжат да се развиваат. Најлонот ја имитира улогата на матката на мајката и го штити јагнето од надворешниот свет. Електролитскиот раствор со кој е наполнет најлонот му помага на фетусот да продолжи да се развива. Папочната врвца на јагнето е поврзана со специјален уред кој му надополнува крв, кислород и хранливи материи. За речиси 1 месец, белите дробови и мозокот на јагнето созреале. Почнала да му расте волна, почнало да ги отвора очите и научило да голта. Еден ден во блиска иднина, овој уред може да им помогне на предвремено родените бебиња да имаат сосема нормален развој.

Сподели на Facebook
пати видено