Во стил сличен на мрачните илустрации на Едвард Гори, Вирџилио Вилореси и Вирџинија Мори создале книга којашто се претвора во анимирана штом врз страниците ќе се стави оптичка фолија. Оваа техника, којашто датира во времето пред кинематографијата, прави сенките на ликовите нежно да треперат, косата да се вее на ветрот и брановите нежно да се удираат во кајчето на страниците на оваа необична книга.

Наречена „Венто“, оваа интересна збирка е резултат на анимацијата на Вилореси на илустрациите на Мори, при што ова уметничко дуо од Италија решило да ѝ даде омаж на подвижната слика. Венто е правата во серијата анимирани книги, која содржи минимален заплет, со цел да ги охрабри читателите да ја разгорат својата фантазија преку интерактивен наратив.

vt02 vt03

Сподели на Facebook
пати видено