Сликата со велосипедот во дрвото кружи по интернетот, како и приказната дека момчето го оставило велосипедот тука пред да замине во војна. Тој никогаш не се вратил од војната па затоа неговите родители го оставиле до дрвото како спомен за него. Иако приказната звучи многу трогателно сепак не е вистина.

Самиот наслов Ви ја дава најголемата трага, САД не влегле во Првата Светска војна во 1914, туку во 1917 година и не праќале 10-годишни момчиња во војната. Исто така вакви велосипеди не произведувале во тој период. Приказната всушност датира од 1950 година и на светот ја раскажал пензионираниот шериф Дон Пуз.

8-годишниот Дон Пуз пораснал и живеел на островот до 1992 година. Во 1954 година неговиот татко починал во пожар и неговата мајка останала сама со 5 деца. Луѓето од островот се собрале и донирале различни предмети за семејството. Мегу тие предмети бил и велосипед за Дон.

„Никогаш не ми се допаѓаше велосипедот. Имаше тврди гуми и мали слаби рачки.“, вели Дон. Семејството Пуз потоа се преселило во „Sound Food“ мочурливо место, каде што денес се наоѓа дрвото. Тој се сеќава дека се играл со другарчињата, го заборавил велосипедот и не се вратил по него. Во 1995 година кога бил да ја посети неговата сестра која уште живее таму, го забележал велосипедот и извикал: „Тоа е мојот велосипед! Не се сомневам во тоа.“

Дон вели дека и денес не чувствува носталгија по велосипедот и вели дека тој сега не му припаѓа нему туку на дрвото. Велосипедот во дрвото е туристича атракција и голем број од неговите делови се украдени од ловци на сувенири. Велосипедот завршил во таква состојба така што најверојатно момчето или некој друг го закачил велосипедот на дрвото и дрвото се обвиткало околу него. Елизабет Вон Волкенбургх од катедрата за Биологија на Универзитетот од Вашингтон вели дека популарната теорија дека велосипедот бил оставен врз младо дрво и растел со него не е точна поради тоа што, младо дрво не би ја издржало тежината.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено