Бодибилдер кој имал голем проблем со акните открил како само со промена на исхраната успеал да го исчисти својот тен. 23-годишниот Брајан Тарнер станал веган откако ги исцрпел сите можни обиди за решение за проблемот со неговата кожа која била прекриена со големи цисти, проблем кој го мачел уште од пубертетот.

kz01

Тој им гарантира на луѓето дека акните ќе им се исчистат ако ги исфрлат сите видови млечни производи од нивната исхрана и пијат до три литри вода и јадат зеленчук најмалку 10 до 16 пати дневно. Во своето Инстаграм видео објавено за неговите 70 000 следбеници, Тарнер ја открил тајната за неговиот кристално чист тен.

kz03

„Имав огромни акни по целото лице. Имав јазолни цисти – четири, пет, шест такви – по лицето секој ден од мојот живот. И на крај успеав да ги исчистам. И многумина ме прашуваат – Како ги исчисти? Што направи?“

Тарнер на почетокот користел Акутан, силно лекарство против акни, но неговиот проблем се враќал секогаш кога ќе престанел да го употребува лекот.

kz04

„Не можам да ве лажам. Земав акутан преку 70 седмици“, вели тој. „Отако почнав да земам, почна малку да се повлекува, но акните секогаш се враќаа како мали точки. Пробав разни нешта, но на крај станав веган. Тоа значи никакви производи од животинско потекло. Но, тоа значеше и повеќе да пијам вода. Ако имате акни, исфрелете ги млечните од вашата исхрана, пијте најмалку три литри вода и јадете зеленчук најмалку 10-16 пати дневно. Ако ги правите овие две нешта, ви гарантирам дека ќе забележите разлика на вашата кожа.“

Сподели на Facebook
пати видено