Прекрасни фотографии од птичја перспектива од колоритните пејзажи на полињата засадени со лалиња, во Северна Холандија, дела на фотографот Норман Скоп.

Холандија која е позната по прекрасни колоритни растенија, истовремено е најголем извозник на цвеќиња и расади во светот. Одгледувањето на цветни поседи во Холандија започнало пред повеќе од 400 години. До денес, секоја година растат до 3 милијарди лалиња.

Сезоната на цутење започнува со нарцисите, кои цутат кон крајот на месец март. Од средината на април до крајот на мај цутат зумбулите и лалињата. Кон крајот на август е периодот на цутење на гладиолите.  Распространети на илјадници хектари земјишна површина, од височина даваат приказ на неверојатен пејсаж со жолти, розеви, виолетови и црвени линии кои се распослани по земјата.

Сподели на Facebook
пати видено