Безбедносни камери снимиле како човек истуркал жена во инвалидска количка од железничката платформа на шините и потоа се обидел да ја удри по глава со камен. Поради ова, неименуваниот 33-годишник бил обвинет за убиство во обид врз 72годишна жена. Хендикепираната жена, чиешто име не е објавено, е од полскиот град Ченстохова. Била на пат кон болница и требала да го смени возот во Лешно, југозападна Полска.

ld01

Додека патувала во првиот воз, налетала на својот иден напаѓач, кој е од градот Руда Сласка, и патувањето го минале во разговор. Кога пристигнале во Лешно, тој се понудил да ѝ помогне да го фати следниот воз, така што ќе ѝ ја турка инвалидската количка. Но, како што покажува шокантната снимка од видео надзорот, наместо тоа тој ја истуркал од платформата и ја фрлил врз шините. Потоа скокнал по неа, зел голем камен и почнал да ја удира со него по главата. Набргу бил забележан од сведоци кои се стрчале и го оттргнале од несреќната жена. Била повикана брза помош која набргу се појавила на местото и жената била одведена во болница, каде што ѝ биле константирани повреди на главата и скршени ребра. Напаѓачот бил уапсен и во моментот се проценува неговата психичка состојба.

ld02 ld03 ld05

ld02
Сподели на Facebook
пати видено