Можеби и порано сте слушнале домот да се нарекува „гнездо“, потсетувајќи ве на удобност или неред (или и двете). Но, вообичаено тој опис не е буквален. Барем не беше до сега. Можеби на прв поглед овој кауч ќе ви се чини малку чуден, завзема значително голем простор и веројатно и бил малку проблематичен за чистење, но тоа е вашето сопствено гнездо.

gn01

Израелската OGE Creative Group развила дизајн за птичјо гнездо во човечка големина, комплетирано со перници во облик на јајца, како „спојување на мебел и место за играње“, како идеја неконвенционалната дневна соба да им помогне на луѓето да бидат покреативни.

gn02

gn03

Тркалезното дрвено гнездо доаѓа во четири големини, со тоа што најмалото може да смести двајца до тројца луѓе, а најголемото е со дијаметар од 4.5 метри и во него можат да се сместат до шеснаесет луѓе. Гнездо за забава! Исто така, се нудат гнезда во најразлични бои, така што вашето гнездо ќе може да биде во хармонија со останатиот ваш декор.

gn04

Сподели на Facebook
пати видено