Градот Кучинг, во државата Саравак во Малезија, е полн со мачки. мачки на тротоарот, сообраќајни сигнали, во паркови, во внатрешноста на кружните патеки и на покривите. Но, за разлика од другите градови, поголемиот дел од популацијата на мачки во Кучинг е во форма на статуи и скулптури, поставени од страна на жителите во градот опседнати со мачки.

Опсесијата потекнува од името на градот. Се смета дека „Кучинг“ е дериват на малајскиот збор „kucing“, што значи мачка, но подеднакво е веројатно дека името доаѓа од „cochin“, кинески збор за пристаниште. Други веруваат дека името е изведено од овошје наречено „мата куцинг“, кое расте во Малезија и Индонезија.

Локалната историја, исто така, укажува на тоа дека градот бил именуван по мал поток наречен “Сунгаи Кучинг” или реката „Мачка“ која се протегала низ градот. Колеџот во Кучинг е наречен I-CATS, а локалната радио станица е Мачка ФМ.

Најпознатата туристичка атракција за љубителите на мачки е музејот на мачките, кој содржи над 4.000 артефакти, вклучувајќи слики и споменици поврзани со мачки. Експонатите вклучуваат мумифицирана мачка од древниот Египет, галерија на реклами поврзани со мачки како и петте видови диви мачки пронајдени во Борнео.

Постои приказна дека во 1950-тите, луѓето во Борнео умирале од маларија. Поради тоа властите ставиле повеќе инсектициди, кои иако го решиле проблемот со комарците кои пренесувале маларија, предизвикале и изумирање на голем дел од мачките на островот. Како резултат на тоа се појавиле многу стаорци и тие ја донеле чумата.

За да се реши проблемот со чумата, воздухопловните кралски сили на Англија пуштиле 14.000 мачки во руралниот малезиски Борнео во мисија позната како „Пуштање на мачките“. Иако приказната за мачките е најверојатно уште една измислица, приказната била објавена толку многу пати што Сенатот на САД ја земал во предвид кога ја донеле забраната на инсектицидот ДДТ, во 1972 година.

Сподели на Facebook
пати видено